Германскиот репрезентативец Месут Озил според неговите зборови ја игра најдобрата сезона во својата кариера. Тој тоа го покажува и на теренот и е незаменлив во составот на Арсен Венгер. Разликата што ја прави на теренот во однос на противниците е видлива и секогаш кога е во можност ги проигрува своите соиграчи кои постигнуваат лесни голови.
Таков беше случајот и во синоќешниот дерби натпревар против Манчестер Сити во кој стрелците Волкот и Жиру постигнаа голови на асистенција на Озил.
Тој во првиот дел од сезоната на 17 натпревари има реализирано 15 асистенции, а му недостасуваат само пет за да го урне апсолутниот рекорд на Тјери Анри во премирелигата. Toa се чини е лесно остварливо бидејќи до крајот на сезоната остануваат уште 21 натпревар.
Прашање на време е само кога истиот ќе биде урнат, а останува да видиме дали Арсенал ќе успее да го искористи расположениот Германец за да стигне до шампионската титулата.
Засега одлчно им оди на „топчиите”, иако како и по обичај имаат големи проблеми со повредите, тимот на Арсен Венгер има само два бода негатива зад лидерот Лестер, но и сериозна предност во однос на големите ривали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.