Џихадистичката група Исламска држава се стреми да го зајакне присуството во Индонезија и сака да создаде „далечен калифат“ во најмногубројната муслиманска земја во светот, предупредија властите на Австралија.
– ИД има амбиција да го зголеми присуството и нивото на дејност во Индонезија, било директно, било преку посредници – изјави министерот за правда Џорџ Брандис за весникот „Острелијан“ и додаде дека тоа е закана за интересите на Австралија и на Западот.
– Сте го слушнале ли изразот „далечен калифат“? ИД ја објави намерата да воспостави калифат надвор од Блискиот Исток. Тие ја идентификуваа Индонезија како објект на своите амбиции – истакна Брандис еден ден по средбата со австралиски и индонезиски министри и полициски началници.
Според весникот, австралиските власти ја сметаат за слабо веројатна можноста ИД да успее да создаде калифат во Индонезија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.