| четврток, 6 декември 2018 |

Секоја зима: Зошто ни тече носот?

За непријатната ситуација во која постојано во зима ни тече носот виновникот може да го бараме во биологијата и физиката.

KJKJFK

Биологијата е виновна за континуирано создавање слуз која има улога подобро да го згрее студениот бран што доаѓа, а физиката е виновна бидејќи водената пареа ја претвора во течност.

Слузта во носот се состои главно од вода, бели крвни зрнца, сол и глукопротеин. Кога доаѓаат студените денови, мембраните внатре во носот задолжени за креирање на солзи создаваат течност која има улога на греач на зракот и препреки за честиците од прашина.

Од друга страна, за време на издишување, на ред доаѓа ситуација во која водената пареа која ја издишуваме, а која доаѓа од топлото тело во студената надворешна средина се претворра во капки по пат на кондензација.

Комбинацијата на водени капки на врвот од носот и слузта резултирра со непријатно течење нос кое се обидувме да го сокриеме со марамчиња и лекови против симптоми на настинка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top