На 30-годишен пациент од Скопје, при операција, му извадиле деланка од главата која му се забила над синусите додека цепел дрва, јави порталот „Здравство24“.
Како што пренесува порталот, ниту матичниот ниту останатите лекари не забележале дека скопјанецот има туѓо тело во главата, а тоа не се покажало ни на снимката на комјутерска томографија.
Скопјанецот бил лекуван со антибиотици, но сосотојбата му се влошила. Тој добил гнојна рана, па завршил на Клиниката за оториноларингологија и итно морал да биде опериран. Деланката што му ја извадиле во текот на операцијата била голема колку еден прст.
Скопјанецот сега е во добра здравствена состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.