| четврток, 6 декември 2018 |

Фатих Терим казнет со 9 меча, ќе го замени Клаудио Тафарел на клупата на Галатасарај

Тренерот на Галатасарај, Фатих Терим, е казнет со 9 натпревари отсуство од клупата на турскиот гигант, од тамошната  фудбалска федерација, поради инцидентот на дуелот со Мерсин. Галатасарај победи со 3-1, а Терим имаше вербален и физички дуел со судијата, по што беше исклучен. Црвени картони добија и неговите помошници Умит Давала и Хасан Шаш и двајцата поранешни репрезентативци на Турција.

Во отуство на триото тренери, главен кормилар сега ќе биде Клаудио Таферел, поранешен голман на бразилската репрезентација.

Галатасарај на 6 кола до крајот на турското првенство е лидер на табелата со 56 бода, 4 повеќе од лутиот ривал Фенербахче. Тие две екипи се главни кандидати за титулата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top