Наспроти хендикепот таа ги остварила своите сништа.
Џесика Роуз (26) од Филадефија е родена со артогрипоза – вкочанетост на рачните зглобови, поради што не може да ги користи рацете и дланките.
Поради овој нејзин здравствен проблем децата во училиште и се потсмевале и ја малтретирале , а таа во тој период почнала да се интересира за шминката.
Поради тоа што не може да ги движи рацете напред ниту нагоре, таа решила да шминка така што ја наведнувала главата во нивото на рацете. Секако, не и било ниту малку лесно но на крајот успеала во тоа.
Девојките кои ја малтретирале почнале да и се диват и дури и зборувале дека навистина изгледа убаво. Насилството не прекинало, но нивното гледање кон неа се сменило. А и самата Џесика почнала себе си поинаку да се доживува и станувала се посигурна во себе.
Станала толку добра во тоа што го прави што другарка и ја прашала да и помогне околу подготвување за матурска вечер. Откако ја нашминкала другарката Џесика помислила дека треба со ова попрофесионално да се занимава.
Џесика гледала упатстава на Јутјуб и бесплатно шминкала се додека не се усовршила. Успеала дури и да дојде до една модна ревија, каде покрај другите шминкери ја покажала својата умешност.
Поради нејзиниот единствен начин на шминкање, секој ден има се повеќе работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)