| четврток, 6 декември 2018 |

Фотографијата на Ѓорги Личовски од „Република“ меѓу најдобрите десет во изборот на „Тајм“

2015-12-17_12-16-43_bvj-Large-520x327

Фотографијата што на фотографот на „Република“, Ѓорги Личовски, му ја донесе наградата на УНИЦЕФ за фотографија на 2015 година, е избрана и за една од десетте најдобри фотографии според магазинот „Тајм“.

Фотографијата е направена на грчко – македонската граница на 21 август годинава.

Macedonian police clash with refugees at blocked border

Личовски вели дека ова е многу важна фотографија за него, можеби една од најважните во неговата кариера, бидејќи беше објавена во многу светски медиуми.

– Тоа е ден што никогаш нема да го заборавам. Првпат ги видов моите колеги да плачат и истовремено да фотографираат, потресени од исплашените детски лица, кои во хаосот се обидуваа да ги најдат своите родители, браќа или сестри. Фотографирав со намера да му покажам на светот што се случува, за да не мора ниедно дете да го проживее ова повторно – вели Личовски за „Тајм“.

Сите добитници може да ги погледнете на следниов линк.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top