| четврток, 6 декември 2018 |

Што се случува во СДСМ? Подносителот на интерпелацијата против Тодоров го брани Тодоров (видео)

pratenicka-sdsm-dr-640x197Јагода Шахпаска, лекарка во амбулантата во Пехчево, која минатата година задоволна му се заблагодаруваше на министерот за здравство Никола Тодоров за новата оперма во здравствениот дом во Пехчево, денеска од собраниската говорница покажа едно сосема друго лице напаѓајќи го министерот и здравствениот систем.

Таа прво ги поздрави големите вложувања во македонското здравство и ја искажа важноста од новата опрема што се инсталира низ болниците во Македонија од страна на македонската Влада.

Сега Јагода Шахпаска е пратеничка на СДСМ. Во оваа функција таа има единствена наредба – да плука по македонската Влада и по сите министерства, па дури и во оној чиишто реформи се наменети за нејзината професија.

На почетокот на минатата година, беше инсталирана нова опрема во Здравствениот дом во Пехчево, каде што Шахпаска работи по струка. Таа во изјава за медиумите тогаш говореше во функција на лекар и ја пофали ваквата мерка.

-Овој апарат нѐ става во предност во однос на соседните здравствени домови од соседните општини, затоа што таков апарат не постои во тие установи. Со ова, многу е олеснета работата на нас како доктори, а од друга страна е овозможен полесен и побрз пристап на пациентите, кои имаат насушна потреба од ваква дијагностика, истакна таа во февруари 2014 година.

Кога Шахпаска денеска пред Собранието се обрати во функција на пратеник на СДСМ, ја покажа својата дволичност на дело. Таа бесрамно го нападна целиот здравствен систем и побара оставка од министерот за здравство, Никола Тодоров.

Шахпаска денеска заборави дека, пред сѐ е лекар, кој јасно гледа какви сѐ реформи се спроведени во македонското здравство, но кога таа говори во име на СДСМ, замижува пред фактите и ги погазува своите зборови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top