Најголемата европска компанија за рециклирање гуми „Ин нова технолоџи“ ќе инвестира во Македонија во индустриската зона во Тетово. Компанијата е сопственик на најголемиот капацитет во Европа за рециклирање гуми преку пиролитички процес од кој се добиваат три производи – течно гориво, челична жица и тонер.

Договорот за инвестирање е потпишан денеска, на 12 април, од страна на министерот за животна средина на Македонија, Абдулаќим Адеми, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Македонија, Висар Фида, и претставници од компанијата „Ин нова технолоџи“ во Гебзе, Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за убиство во Тетово
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Пред сендвичарница во Тетово го прободел со нож: Момчето е итно пренесено во Скопје
-
Зошто некој сакаше успешна акција на специјалците во МВР да остане незабележана?


