Орландо Блум (38) во саботата допатувал во Индија, но само по неколку часа морал да ја напушти оваа земја бидејќи немал соодветна виза.
Популарниот актер слетал на аеродром во Њу Делхи во 1.30 часот наутро но се утврдило дека нема соодветна виза за престој во оваа земја.
Блум кажал дека електронски аплицирал за виза уште пред неколку недели, но дури по слетувањето во Њу Делхи дознал дека визата не му била одобрена.
Иако имал право да престојува во земјата 72 часа, врз основа на привремена дозвола за слетување, актерот, наводно, уште истата вечер, околу четири част наутро се вратил за Лондон од каде што и допатувал во Индија.
Индискиот министер за надворешни работи Сушама Саварај се погрижи актерот да се врати во Индија па по неговата интервенција на Орландо веќе следниот ден му била одобрена виза.
Актерот, наводно, бил нервозен поради начинот на кој се однесувале со него, но, сепак, прифатил да се врати и во неделата допатувал во Њу Делхи. Холивудската ѕвезда го посетила Таџ Махал со еден индиски политичар, пренесува „Индија тајмс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Часови по среќа во училиштата во Индија
-
Само пасошот нема да ви биде доволен: За влез во ЕУ не ви треба виза, ама ќе ви треба дозвола и платена такса
-
Во сообраќајна несреќа во Индија загинаа 13 деца
-
Саакашвили уапсен, претепан и депортиран во Полска: Го фрлија на под и му вперија пиштол (вознемирувачко видео)