| четврток, 6 декември 2018 |

Жена со автомобил газела сè пред себе, не се знае бројот на мртви (видео)

Лекарите се борат за животот на повредените.

Screenshot_1

Повеќе од 30 лица  се повредени во Лас Вегас кога автомобил што го управувала жена влетал во група луѓе што се наоѓале спроти луксузниот хотел „Париз“.

Според првичните податоци, најмалку едно лице го загубило животот, додека четири лица се во критична состојба. Возачот на автомобилот  се наоѓа во притвор, а сè уште не е познат мотивот за несреќниот настан. Портпаролот на полицијата во Лас Вегас потврдил дека едно лице е загинат,о како и дека возачот е во притвор, но не прецизирал дали има уште загинати. 

Еден очевидец потврдил дека возачот на автомобилот бил жена и дека во возилото имало и дете. Исто така, според сведочењето на очевидците жената се противела на апсењето и се обидела да избега.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top