| четврток, 6 декември 2018 |

Џихадистите украле неколку десетина илјадници бланко пасоши:Слободно се движат низ Европа!

Џихадистите украле неколку десетина илјадници бланко пасоши од Сирија, Ирак и Либија и тие пасоши би можеле да ги користат “лажните бегалци“ на пат кон Европа.

ИД зазема големи делови од територијата на Сирија и Ирак, а во Либија ја превзема контролата над некои владини згради од каде што ги земала документите, наведува весник близок до западните тајни служби.

Според весникот се наведува дека ИД ги препродава пасошите на црниот пазар од 1000 до 1500 евра.

Велт ам Зонтаг додаде дека западните земји стравуваат дека џихадистите би можеле да ги искористат пасошите за влез во Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top