| четврток, 6 декември 2018 |

Со овој тест за депресија следете го своето здравје

Овој тест составен од осумнаесет кратки прашања може да ви помогне да одредите дали можеби имате потреба да побарате помош од професионалец за ментално здравје за дијагностицирање и третман на депресија, или пак за следење на депресивноста.

 

Инструкции: Овој тест можете да го употребувате за да го следите вашето неделно расположение, како и за консултација за резултатите со вашиот психотерапевт за промената на симптомите од една до друга средба. Промената од пет или повеќе скорови е значајна. Оваа скала за депресија не е наменета за поставување на дијагноза или да го заземе местото на професионалната дијагноза. Доколку сметате дека сте депресивни, значајно за вас е да побарате помош од професионалец за ментално здравје колку што можете поскоро.

Тест за депресија  од Ivan Goldberg, M.D.

Одговорете на осумнаесетте изјави подолу за тоа како сте се чувствувале во текот на изминатата недела. Бидете искрени за поверодостојни резултати. Земете пенкало или дигитрон за да го пресметате резултатот.

Воопшто не се согласувам – 0

Многу малку се согласувам – 1

Малку се согласувам – 2

Делумно се согласувам – 3

Многу се согласувам – 4

Целосно се согласувам – 5

 

  1.  Бавно ги извршувам работите. 0 – 1 – 2 – 3 – 4 – 5
  2.  Мојата иднина се чини дека е безнадежна. 0 – 1 – 2 – 3 – 4 – 5
  3.  Тешко се концентрирам додека читам. 0 – 1 – 2 – 3 – 4 – 5
  4. Задоволството и радоста не се присутни во мојот живот. 0 – 1 – 2 – 3 – 4 – 5
  5. Имам проблем да донесувам одлуки. 0 – 1 – 2 – 3 – 4 – 5
  6. Го изгубив интересот во областите во животот кои претходно ми беа значајни. 0 – 1 – 2 – 3 – 4 – 5
  7. Се чувствувам тажно, потиштено и несреќно. 0 – 1 – 2 – 3 – 4 – 5
  8. Вознемирен/а сум и се движам наоколу. 0 – 1 – 2 – 3 – 4 – 5
  9. Се чувствувам заморно. 0 – 1 – 2 – 3 – 4 – 5
  10. Потребен ми е голем напор за вршење едноставни работи. 0 – 1 – 2 – 3 – 4 – 5
  11. Се чувствувам како личност која е виновна и заслужува да биде казнета. 0 – 1 – 2 – 3 – 4 – 5
  12. Се чувствувам неуспешно. 0 – 1 – 2 – 3 – 4 – 5
  13. Се чувствувам безживотно – повеќе мртво отколку живо. 0 – 1 – 2 – 3 – 4 – 5
  14. Мојот сон е нарушен – спијам малку, премногу или со прекини. 0 – 1 – 2 – 3 – 4 – 5
  15. Поминувам време во размислување за тоа како можам да се самоубијам. 0 – 1 – 2 – 3 – 4 – 5
  16. Се чувствувам заробено или фатено. 0 – 1 – 2 – 3 – 4 – 5
  17. Се чувствувам потиштено дури и кога ми се случуваат добри работи. 0 – 1 – 2 – 3 – 4 – 5
  18. Без да се придржувам до диета имам намалено или зголемено тежина. 0 – 1 – 2 – 3 – 4 – 5

 

Доколку добивте резултати….

 

0 – 9 Воопшто не сте депресивни: Според вашите одговори на прашалникот, резултатот вели дека вие моментално не страдате од депресија. Ова не треба да го разберете како дијагноза или како предлог за третман. Вие доживувате нормални падови и вертикали во животот.

10 – 17 Можна умерена депресија – Се чини дека доживувате некои депресивни симптоми кои често се сретнуваат кај луѓето во општата популација. Несигурно е дали страдате од овие симптоми во мера за која би имале потреба од натамошна дијагноза и третман. Не треба да ги земате резултатите како извештај за дијагноза или препорака за третман. Консултирајте се со професионалец за ментално здравје доколку се чувствувате депресивно или имате тешкотии во секојдневното функционирање.

18 – 21 Гранични депресивни симптоми – Се чини дека имате некои депресивни симптоми кои се чести за општата популација, но се граничат со можна депресивна епизода. Несигурно е дали овие симптоми се доволни за да побарате дополнителна дијагноза и соодветен третман. Не треба да ги разберете резултатите од прашалникот како извештај за дијагноза или препорака за каков било третман. Консултирајте се со искусни професионалци за ментално здравје доколку имате депресивни чувства или тешкотии во секојдневното функционирање.

22 – 35 Средна до умерена депресија – Вашите одговори сугерираат можна блага до умерена депресија. Не треба да ги користите овие резултати како дијагноза од каков било вид или препорака за лекување. Сепак, можеби е потребно да побарате дополнителни консултации со професионалци за ментално здравје доколку имате тешкотии во секојдневното функционирање или доколку скакате подлабоки одговори.

36 – 53 Умерена до тешка депресија – Според резултатите кои ги добивте од овој прашалник, можно е да страдате од умерена до тешка депресија. Луѓето кои одговориле слично, обично имаат дијагностицирана депресија и имаат потреба од професионален третман. Вие не треба да ги користите овие резултати како дијагноза од каков било вид или препорака за лекување. Сепак, препорачливо за вас е да побарате дополнителна дијагноза и соодветен третман од професионалци за ментално здравје, за да се исклучи можноста за депресивно нарушување.

54 и повеќе. Тешка депресија – Според резултатите кои го добивте од овој прашалник, можно е да страдате од тешка депресија. Луѓето кои одговориле слично, обично имаат дијагностицирана дијагноза и потреба од соодветен третман. Вие не треба да го користите овој резултат како дијагноза од каков било вид, или препорака за лекување. Сепак, препорачливо е и најверојатно корисно веднаш да побарате консултација и помош од искусни професионалци за ментално здравје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top