| четврток, 6 декември 2018 |

Ослободете се од овие предмети, носат несреќа во вашиот дом

Домот е проекција на душата на човекот. Се што се наоѓа во вашиот дом, на некој начин е поврзано со вашата потсвест, вашите желби и вашата иднина.

Не секој предмет во вашиот дом може да ви биде од корист. Добро е да се направи попис на својот стан и без жал да се ослободите од оние предмети кои ги оптоваруваат енергетските текови во вашиот дом и ве гонат далеку од вас.

-Најголема штета нанесуваат старите чевли и облека, кои одамна не личат на она што биле во моментите на нивното купување. Кога чевлите ви се прегазени до неможност или се фрагментирани и десетина пати сте ги носеле на чевлар, веќе е дојдено времето да се збогувате со нив.

Кога домот ви е претворен во магацин за стари алишта и стари чевли, само затоа што ви е жал да ги фрлите, домот ви привлекува негативна енергија и не треба да се изненадите ако постојано се карате со блиските.

-Скршени чаши и чинии, како и тенџерињата со скршени рачки е добро да се фрлаат, а не да се остават во кујнските елементи со години. Скршени чинии во кои се храните секој ден, ве полнат со лоша енергија. -Фотографиите на луѓето со кои сте биле пријатели, но потоа сте се скарале и не разговарате со години, исто така не е потребно да стојат во вашиот дом, бидејќи ја привлекуваат негативна енергија.

-Непотребни искршени статуетки кои собираат прашина, исто така треба да бидат фрлени, бидејќи привлекуваат лоша енергија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top