| четврток, 6 декември 2018 |

Најавени 11.200.000 евра за 40 видови стипендии во 2016

Премиерот Никола Груевски најави дека идната година се обезбедени 11.200.000 евра за 40 видови стипендии.

– До 2005 година ние имавме, се на се од пет до седум видови стипендии. Сега има 40 видови стипендии за високо образование и за средно училиште. До 2005 година имаше одредена сума на пари којашто се даваше за стипендии. Сега таа е триплирана, 11.200.000 евра се предвидени за следната 2016 година од буџетот за стипендии, и за средношколци, и за студенти. Тоа е три пати повеќе од 2005 година, и веројатно, се шест-седум пати повеќе видови на стипендии отколку што имаше во 2005 година, рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top