| четврток, 6 декември 2018 |

Фаворитите без поголеми проблеми стигнаа до победите во Серија А (видео)

Fiorentina vs Chievo

Рома, Наполи и Фиорентина стигнаа до нови победи во 17.коло во Серија А лигата. Откако Јувентус славеше над Карпи во пладневниот термин со 3-2 и останатите фаворити од врвот на табелата остварија лесни победи.

Рома со 2-0 беше подобра од екипата на Горан Пандев, Џенова со головите на Алесандро Флоренци во 43.минута од средбата, а Садик Умар во самата завршница го постигна вториот погодок. Горан Пандев влезе во игра во вториот дел, во 57.минута, но не успеа со соиграчите да стигне до израмнување, иако „волчицата“ во завршницата беше со играч помалку поради исклучувањето на Един Џеко.


Sadiq Umar 2:0 First Goal | Roma v. Genoa 20… by reisburda0029

Наполи славеше против Аталанта на гости со 1-3. Марек Хамшик од пенал во 52.минута го доведе Наполи во водство против Аталанта, но само две минути подоцна израмни Гомез. Сепак, Гонзало Игуаин во продолжение постигна два погодоци за „наполитанците“ носејќи им ги трите бода од овој меч. Хамшик имаше уште една шанса од белата точка, но не успеа по вторпат да реализира.

Калиниќ и Иличиќ со голови во првото полувреме и донесоа сигурна победа на Фиорентина на дуелот против Киево (2-0).

Резултати Италија: Карпи -Јувентус 2-3, Рома – Џенова 2-0, Аталанта – Наполи 1-3, Фиорентина – Киево 2-0, Верона – Сасуоло 1-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top