Актуелниот шампион на Италија, Јувентус влезе во страшна серија од седум победи по ред во Серија А лигата и со денешната победа на гостувањето кај Карпи од 3-2 се искачи на второто место на табелата со три бода заостанување зад лидерот Интер кој има и натпревар помалку.
Бориело изненадувачки го доведе Карпи во водство во 15.минута, но хрватскиот бомбардер Марио Манџукиќ одговори со два гола до крајот на првото полувреме и покажа дека е во врвна форма.
Во 50.минута, Пол Погба зголеми на 1-3, а домаќинот со автоголот на Бонучи во судиското продолжение стигна до чесен пораз против посилниот ривал.
Carpi vs Juventus 2-3 All Goals & Highlights… by tony-hoksa
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.