Актуелниот европски шампион Барселона ја придодаде светската клупска титула во својата колекција откако ви финалето во Јокохама, Јапонија лесно и со стил го победи јужноамериканскиот шампион Ривер Плата со 3-0.
Избраниците на Луис Енрике со идентичен резултат и во полуфиналето го надиграа кинескиот Гвагжу и потврдија дека во моментот им нема рамен во светскиот клупски фудбал.
Лионел Меси, кој се појави во финалето откако ги надмина проблемите со камен во бубрегот, го отвори резултатот во 36.минута. Се послужи и со рака како својот сонародник Марадона, но голот беше признат.
Во продолжението од натпреварот на сцена стапи уругвајскиот репрезентативец Луис Суарез кој е бессомнение најдобриот играч на Барселона од почетокот на сезоната, кој успеа уште двапати да ја затресе мрежата на Ривер Плата до крајот на натпреварот. Во 49.минута зголеми на 2-0, а во 68.минута постигна уште еден погодок, по што и дефинитивно стана јасно дека Барселона ќе го освои трофејот на клупскиот мундијал.
Во борбата за третото место, Хирошима го совлада Гвангжу со 2-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)