Сомнителната направа пронајдена во тоалетот во авионот на летот на „Ер Франс“ од Маврициус до Париз била бомба, потврдија и официјално, а пренесува „Индепендент“.
Боинг 777 со 463 патници и 14 членови на екипажот го напуштил Маврициус во 21 часот по локално време и требал да слета на аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз во 5 часот и 50 минути по локално време.
Но, принудно слетал на аеродромот во Момбаси, Кенија бидејќи екипажот го информирал капетанот за сомнителна направа во тоалетот.
Во Париз уште е на сила висок степен на безбедност по терористичките папади од 13 ноември. Одговорноста за нападот ја презеде Исламската држава, а во нив беа убиени најмалку 130 лица.
Терористите презедоа одговорност и за соборување на рускиот патнички авион во Египет на 31 октомври кога загинаа сите 224 патници и членови на екипажот, а причина беше експлозија на бомба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



