| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична пријава за крадец на паричници во автобуси

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.С.(46) од Скопје, поради постоење основано сомнение за извршено кривично дело ,,кражба“, за што од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.

kradec

 

Кривичното дело пријавениот го извршил на 4 декември околу 19 часот во „петка“ кој сообраќал на релација Центар-Ѓорче Петров, каде истиот искористувајќи ја гужвата и невниманието на оштетената и ја отворил чантата и со протнување на раката и одзел еден паричник во кој имало 280 денари. Во моментот на извршувањето на кривичното дело пријавениот бил забележан од граѓанин кој успеал да го совлада и да му го одземе паричникот, по што на автобуска постојка во населбата Ѓорче Петров бил приведен од страна на полициски службеници од единицата Алфа, информираат од полицијата.

Инаку М.С. е познат сторител од областа на имотни деликти, за што досега му биле поднесени 12 кривични пријави за извршени вкупно 15 џепни кражби и кражби на дрзок начин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top