| четврток, 6 декември 2018 |

Петнаесет совршени правила за работата и животот од Џон Рокфелер

Името на нафтениот магнат Џон Рокфелер е синоним за богатство и успех. Тој создал богатство од речиси ништо, а подоцна голем дел од својот имот го донирал во добротворни цели.

rokfeler

Сајтот Bright Side ни претставува 15 негови правила за животот и работата кои му помогнале да постигне толкав успех.

1. Секогаш настојувајте секоја катастрофа да ја претворите во прилика.

2. Не се плашете од големите трошоци, туку од малите приходи

3. Личноста која работи по цел ден нема време да заработува пари

4. Вашето богатство зависи од вашите одлуки

5. Ако вашата единствена цел е да бидете богати, никогаш нема да го постигнете тоа.

6. Пријателството засновано на работата е подобро од бизнисот заснован на пријателство.

7. Дали знаете која е единствената работа која ми дава задоволство? Да ги видам моите дивиденди како доаѓаат.

8. Осен работата на вистинските нешта, најважно е и тоа на луѓето да им дадете до знаење дека ја правите вистинската работа.

9. Претпочитам да вработам човек со ентузијазам, отколку човек кој се знае.

10. Добриот менаџмент се состои од покажувањето на просечниот човек како да работи од страната на лицата кои се подобри од него.

11. Упорноста ќе ви помогне да постигнете било што, без оглед дали е точно или погрешно, добро или лошо.

12. Никој не знае што ќе стане во животот, но е важно да запаметиме дека сите сме родени за нешто посебно.

13. Создадете репутација која подоцна ќе работи во ваша корист

14. Способноста да се соочите со луѓето е куповна стока како што е шеќерот и кафето, а јас би платил повеќе за таа способност.

15. Не мислам дека постои ниту една карактеристика поважна за успехот од било кој вид како што е истрајноста. Надминува речиси се, дури и природата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top