| четврток, 6 декември 2018 |

Рокфелер почина во незгодно време – најстариот богаташ на светот сега е…

Милијардерот Дејвид Рокфелер во неговиот дом во Њујорк почина на 101-годишна возраст, токму во периодот кога „Форбс” ја издава листата на најбогатите луѓе во светот.

Сега, според листата на Форбс, најстариот, односно највозрасниот милијардер во светот е – жена.

Тоа е Марија Франка Фисоло, вдовицата на Мишел Фереро, кој беше основач и сопственик на компанијата која меѓу другото ги произведува „нутела”, чоколадите „киндер”, бомбоните „тик-так” и чоколадните бомбони „фереро рошер”.

„Чоколадната вдовица” од Италија во моментот има 99 години и 26,2 милијарди долари, со што на списокот на Форбс според богатството е на 29. место, а меѓу жените милијардерки на тој список е четврта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top