| четврток, 6 декември 2018 |

Импресивниот живот на Дејвид Рокфелер: Сакал да живее 200 години и седум непознати факти

DavidRockefeller-pocina-na-101-godina-1

Американскиот милијардер Дејвид Рокфелер почина на возраст од 101 година. Животот на еден од најбогатите луѓе на светот со децении предизвикува контроверзи, а ова се некои од малку познатите детали од неговиот живот.
Дејвид Рокфелер се родил на 12 јуни, 1915 година и беше банкар, а и јавно најистакнатиот и најстариот жив член на исклучително богатото семејство Рокфелер, кое своето богатство го должи на бизнис компанијата “Стандард оил.” Поради незаконското создавање на монопол, компанијата во 1911-та година беше принудена да се подели на 34 компании.

За време на својот живот Рокфелер успеал да оствари достојно наследство со една од најмоќните капиталистички династии во историјата, која уште владее и денес.

03-zanimlivosti-od-zivotot-na-rokfeler

Рокфелер имал шест трансплатации на срце, а во медиумите на шега изјави дека би сакал да живее до 200 години.
1. Според американските дипломатски телеграми кои ги објави Викиликс, поранешниот американски државрен секретар Хенри Кисинџер, во март 1979 година барал од Рокфелер да му помогне да пронајде засолниште за соборениот ирански шах и неговото семејство. Во телеграмите се наведува дека Рокфелер „се согласил да помогне во пронаоѓањето на засолниште за шахот и неговата придружба“, но дека сакал „да се сокрие неговата вмешаност во тој случај“.

DavidRockefeller-pocina-na-101-godina-3

2. Братот на Дејвид, Нелсон Рокфелер бил 31-от потпретседател на САД во времето кога претседател бил Џералд Форд (1974 – 1977).

3. Рокфелер ја предводел групата Билдерберг, која ги собирала најмоќните и највлијателните луѓе од светот на политиката и бизнисот.

4. Една од најчестите теории на интернет е дека Рокфелер го соборил рекордот во бројот на трансплантации на срцето. Наводно, имал седум трансплантации. Меѓутоа, не постојат податоци дека некој некогаш бил толку пати на трансплантација, дури се ретки и пациентите кои имале две трансплантации на срцето. Одредени медиуми ја споменуваат цифрата од шест такви операции, но како што пишуваат, никој немал увид во неговиот здравствен картон и поради тоа и бројот на трансплантации на срцето останува во доменот на шпекулациите.

DavidRockefeller-pocina-na-101-godina-2

5. Во текот на 35-те години во „Чејс Менхетн Банката“, Рокфелер посетил 103 земји и поминал повеќе од пет милиони милји (повеќе од 8 милиони километри), што е еквивалент на 200 патувања низ целиот свет.

02-zanimlivosti-od-zivotot-na-rokfeler

6. Семејството Рокфелер поседува импресивна колекција на уметнички дела, а некои од нив се позлатена бронзена скулптура на Прометеј, дело на американскиот уметник Пол Маншип и таписерија со еднорог од 15-ти век. Во осумкатната вила во Њујорк во која пораснал Дејвид Рокфелер, сега се наоѓа Музеј на современи скулптури.

7. Рокфелер го прославил својот 100-ти роденден во 2015 година со донирање на 1.000 хектари земја во Сил Харбор во Мејн, како подарок за сите луѓе во Мејн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top