Научниците тврдат дека конзумирањето на вино може да го спречи зголемувањето на вашата тежина. Време е да го тргнете настрана сокот од портокал и да си наточите еден Pinot Noir. Имено, според едно ново истражување виното може да ви помогне во одржување на вашата тежина.
Кога станува збор за диета со вино, се разбира, не станува збор за конзумирање на едно шише на ден, туку за скромно консумирање од една чаша на ден. Доказите се импресивни. Истражувачите внимателно проследиле околу 20.000 жени со нормална тежина, во тек од 13 години.
Во меѓувреме, жените што пиеле чаша до две црвено вино на ден биле со 30% помалку шанси да се здебелат, отколку оние што не пиеле. Тоа и не е зачудувачки, затоа што виното е богато со антиоксиданси кои го намалуваат холестеролот и крвниот притисок. Конзумирањето алкохол го поттикнува телото да согорува калории, но да не заборавиме дека и самиот алкохол ги содржи истите. На пример, виното содржи 125 калории во 0,14 l. вино. Затоа и прекумерното пиење може да ја зголеми вашата тежина. Исто така, жените имаат помало количество на ензим што го метаболизира алкохолот отколку мажите. Жената со една чаша вино може повеќе да согори од машкиот организам, со тоа што нему не му треба толку снага за да согори, додека женскиот организам треба дополнително да го произведе тој ензим. Значи, чаша вино со здрава диета и вежбање е навистина пат кон поздрав живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.