Селекторот на репрезентацијата на Франција, Дидие Дешамп вели дека Карим Бензема направил грешка околу аферата со снимката и дека нема да добие повик за националниот тим и за Европското првенство, доколку случајот не се реши дотогаш.
– Размислувајќи согласно сегашната ситуација, не е можно Бензема да игра на Европското првенство. Јасно е дека направил грешка и мојата одлука е етичка и морална, затоа што Валбуена е жртва – вели Дешамп за „Ле Паризиен“.
Бензема на почетокот од минатиот месец беше приведен поради сомнеж за вмешаност во уцена на репрезентативниот соиграч Валбуена со видео снимка на сексуален чин, поради што му се заканува затворска казна од пет години.
Тој неодамна изјави дека сакал само да му помогне на својот соиграч, односно дека преку свој пријател сакал да посредува меѓу Валбуена и уценувачите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.