
Цеце Орешкова се омажи?! Наводно, нормално ако може да и се верува на чаршијата, манекенката веќе неколку месеци е во брак со стоматологот и екс фотомодел Кристијан Георгиев, со кого претходно беше неколку години во врска – објави Вечер.
Иако двојката имаше бурно минато и повеќепати ставаа крај на романсата, па ја обновуваа, најверојатно конечно успеале да најдат заеднички јазик, а љубовта ја крунисале со завет преку кој си се ветиле за до крајот на животот.
Цеце не сакаше да ги коментира ваквите озборувања и во телефонскиот разговор само кусо ни одгвори дека не сака да зборува за приватниот живот.
Не сакам ништо да коментирам и да откривам за мојот приватен живот”, прилично дрско ни одбруси манекенката, која неодамна го промени и презимето на Фејсбук, па наместо Орешкова, сега е госпоѓа Георгиев.
Велат, пред фактите и боговите молчат. Во овој случај факт е промената на презимето која кажува и повеќе отколку што е потребно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


