| четврток, 6 декември 2018 |

Затвор за слабите манекенки

skinny01-500x280Франција донесе нов закон со кој манекенките мораат да имаат лекарско уверение за тоа да не се премногу слаби доколку сакаат да се занимаваат со оваа професија, во спротивно можат да се соочат со казна до 6 месеци затвор и парична казна од 75.000 евра. Новиот закон кој го усвои францускиот парламент предвидува дек сите модни магазини мораат јасно да ги одбележеуваат сите фотографии на човечкото тело на кои им биле вршени одредени корекции на „Фотошоп“.

rs_560x369-150317140721-1024-no-anorexia_0-crop_display_copyФранција на овој начин сака во модната индустрија да внесе критериум кој ќе го претставува минималниот индекс на телесна тежина кој манекенките мораат да го имаат за да ги рекламираат нивните производи. Докторите ќе бидат тие кои ќе треба да проценат која манекена е премногу слаба, земајќи во обзир повеќе фактори како што се години, висина, телесна градба и други. Овие мерки се донесени во рамки на националниот план за борба против анорексија и булимија кои се многу распростанети во француската модна индустрија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top