Портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев, во интервју за Радио Слободна Македонија ја објасни начелната процедура за користење на можностите на проектот „Купи куќа за млади“во делот на изградба, доградба и надградба на куќа.
Тој потенцираше дека постапката ќе биде ефикасна и ефективна и дека институциите во брз рок ќе ги решаваат проблемите.
-Без премногу чекање, ќе ги разгледуваат овие поднесоци, предмети. Се разбира дека ќе бидат максимално посветени, со неколку состаноци месечно, ако има потреба и неколку состаноци неделно, на разгледување на овие проекти, се со цел во што побрз период да биде одговорено на лицето кое што е заинтересирано, рече Ѓорѓиев.
Владиниот портпарол потенцира дека сите конкретни и разработени прецизни детали во врска со процедурата ќе бидат објавени во следниов период од страна на институциите. Ќе има и брошури со информации за граѓаните, стручни тимови ќе ги објаснуваат процедурите и можностите, а Ѓорѓиев потенцира дека сите институции максимално ќе го приближат овој проект до секој граѓанин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.