| четврток, 6 декември 2018 |

Балетот „Оревокршачка“ в недела во „Синеплекс“

Со култната музика на Чајковски и волшебната сценографија и костими, оваа прекрасна сказна ги истражува темите на љубов, моќ и зло. Балетот „Оревокршачка“ е и класична Божиќна приказна – традиционален семеен балет.

ОРЕВОКРШАЧКА (ГРИГОРОВИЧ)
НЕДЕЛА, 20. ДЕКЕМВРИ 2015 – ВО 16ч
СНИМКА (2ч 10мин)
Музика: Петар И. Чајковски
Кореографија: Јуриј Григорович
Либрето: Јуриј Григорович
Улоги: Денис Родкин, Ана Никулина, Андреј Меркуриев
Базиран на приказната Е.Т.А. Хофман, „Оревокршачка“ е една од најголемите светски класици. Мајсторски интерпретиран од танчерите на Бољшој, ќе го маѓепса целото семејство за време на празничните денови, докажувајќи дека никогаш не сте премлади или престари да бидете оборени од Оревокршачката. Денис Родкин е водечки солист и ќе дебитира како Принцот во Оревокршачка.
На Божиќната вечер, кумот на Мари, Дресермајер, и подарува дрвена оревокршачка. На полноќ, кога ќе заврши прославата, сите играчки магично оживуваат. Оревокршачката ќе порасне во нормална човекова висина и станува водач на лимените војници, итајќи да ја спаси Мари, која е во опасност од Кралот Глушец и неговата армија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top