| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Крстевски: Не е само месото причина за појава на карцином на дебелото црево

Гра­ѓа­ни­те сѐ по­ве­ќе се еду­ци­ра­ат и го ме­ну­ва­ат сти­лот на ис­хра­на­та. Не­кои па­ци­ен­ти што има­ат ге­нет­ски пре­дис­по­зи­ции пре­ми­ну­ва­ат кон ве­ге­та­ри­јан­ска ис­хра­на или ко­ри­стат до­да­то­ци во ис­хра­на­та. Не смее да се на­ма­ли днев­но­то вне­су­ва­ње про­те­и­ни. Тре­ба да се на­ма­лат ма­сти­те би­деј­ќи во нив­ни­от кра­ен про­дукт се по­ја­ву­ва­ат ки­се­ли­ни­те, кои се кан­це­ро­ге­ни, ве­ли про­фе­сор Кр­стев­ски

Не­о­дам­на Свет­ска­та здрав­стве­на ор­га­ни­за­ци­ја (СЗО) из­ле­зе со из­ве­штај де­ка мес­ни­те пре­ра­бо­тки се кан­це­ро­ге­ни, а цр­ве­но­то ме­со е мо­жен ви­нов­ник за не­кои ви­до­ви кан­цер. Во из­ве­шта­јот на СЗО пи­шу­ва де­ка по­дел­ба­та на при­чи­ни­те­ли­те на кар­ци­ном на де­бе­ло­то цре­во се де­лат на си­гур­ни, ве­ро­јат­ни, мож­ни, не е си­гур­но де­ка при­па­ѓа­ат во гру­па­та што пре­диз­ви­ку­ва рак и си­гур­но при­па­ѓа­ат во гру­па­та што не пре­диз­ви­ку­ва рак. Ме­со­то е во гру­па­та на ве­ро­јат­ни. Ова се ре­зул­та­ти од Аме­ри­кан­ска­та аген­ци­ја за истра­жу­ва­ње кар­ци­ном од 2007 го­ди­на, но се­га е акту­а­ли­зи­ран, а от­то­гаш до­се­га се пра­ве­ни мно­гу истра­жу­ва­ња, ве­ли во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“ про­фе­сор д-р Мир­ко Кр­стев­ски, га­стро­ен­те­ро­хе­па­то­лог.

doktor krstevski za sani 3 (10) (Custom)

Се­кое ме­со е ко­рис­но за здрав­је­то на чо­ве­кот

 

Сме­е­ме ли да ја­де­ме цр­ве­но ме­со и ако сме­е­ме, кол­ку па­ти во не­де­ла­та?

КРСТЕВСКИ: Се­кое ме­со е ко­рис­но за здрав­је­то на чо­ве­кот. Ор­га­низ­мот на чо­ве­кот ба­ра 20 гра­ма про­те­и­ни днев­но, кои, глав­но, се обез­бе­ду­ва­ат од ме­со­то и од мес­ни про­ду­кти. Јас ја сле­дам ста­ти­сти­ка­та на кон­тро­ли­ра­ни, од­на­пред под­го­тве­ни истра­жу­ва­чи, кои пра­ват истра­жу­ва­ња по одре­ден план прос­пе­ктив­но на­на­пред за не­кол­ку го­ди­ни, ка­де што из­ле­гу­ва­ат точ­ни ин­фор­ма­ции. Пр­ва­та истра­жу­вач­ка сту­ди­ја е на­пра­ве­на по Вто­ра­та свет­ска вој­на во Анг­ли­ја во та­ка­на­ре­че­ни­те цен­три за обу­ка на се­стри. Во истра­жу­ва­ње­то учес­тву­ва­ле са­мо же­ни. Се ис­пи­ту­ва­ла за­ста­пе­но­ста на кар­ци­но­мот во со­дејс­тво со дру­ги над­во­реш­ни фа­кто­ри, ка­ко пу­ше­ње, ал­ко­хол и во од­нос на вне­су­ва­ње дру­ги про­ду­кти освен ме­со. Со ог­лед на тоа де­ка до­то­гаш би­ло поз­на­то де­ка ме­со­то пре­диз­ви­ку­ва кар­ци­ном, ре­ши­ле кај одре­де­на по­пу­ла­ци­ја да го на­ма­лат днев­но­то вне­су­ва­ње ме­со. По не­кол­ку го­ди­ни рас­про­стра­не­то­ста на кар­ци­ном на де­бе­ло­то цре­во би­ла зго­ле­ме­на. Сле­деј­ќи ги на­ви­ки­те на ис­хра­на во Анг­ли­ја, би­ло ис­пи­ту­ва­но со што сѐ се хра­ни на­се­ле­ни­е­то во те­кот на де­нот. Ре­зул­та­ти­те по­ка­жа­ле де­ка про­из­во­ди­те од рас­ти­тел­но по­тек­ло би­ле по­мал­ку за­ста­пе­ни во ис­хра­на­та. Тоа зна­чи де­ка не мо­же да се ка­же де­ка кон­су­ми­ра­ње­то ме­со е при­чи­на број еден за кар­ци­ном на де­бе­ло­то цре­во или ве­ро­ја­тен. Во из­ве­шта­јот на СЗО пи­шу­ва де­ка по­дел­ба­та на при­чи­ни­те­ли­те на кар­ци­ном на де­бе­ло­то цре­во се де­лат на си­гур­ни, ве­ро­јат­ни, мож­ни, не е си­гур­но де­ка при­па­ѓа­ат во гру­па­та што пре­диз­ви­ку­ва рак и си­гур­но при­па­ѓа­ат во гру­па­та што не пре­диз­ви­ку­ва рак. Ме­со­то е во гру­па­та на ве­ро­јат­ни. Ова се ре­зул­та­ти од Аме­ри­кан­ска­та аген­ци­ја за истра­жу­ва­ње на кар­ци­ном од 2007 го­ди­на, но се­га е акту­а­ли­зи­ран, а от­то­гаш до­се­га се пра­ве­ни мно­гу истра­жу­ва­ња. СЗО ис­пи­ту­ва­ле пре­ку 800 сту­дии што ги по­вр­зу­ва­ат ис­хра­на­та со ме­со и со мес­ни про­ду­кти со по­ја­ва­та на кар­ци­ном на де­бе­ло­то цре­во и си­те, на­вод­но, асо­ци­ра­ат на тоа. Би ре­кол де­ка че­сто сту­ди­и­те се при­лич­но не­се­ле­ктив­ни и не ги зе­ма­ат пред­вид, на при­мер, ци­га­ри­те, ал­ко­хо­лот или мрс­на­та хра­на. Прич­ни­те­ли мо­жат да би­дат и ге­нет­ски­те пре­дис­по­зи­ции, та­ка што ри­зи­кот од кар­ци­ном на де­бе­ло­то цре­во не мо­же да го пре­пи­ше­ме са­мо на ме­со­то и на мес­ни­те про­из­во­ди. Ако днев­но се ко­ри­сти 100 гра­ма чи­сто ме­со и 50 гра­ма про­це­си­ра­но ме­со ин­ци­ден­ци­ја­та е 1 спре­ма 1,2, по­ка­жа­ле истра­жу­ва­ња­та. Тоа се нез­на­чи­тел­ни број­ки. Што е тоа во ме­со­то што пре­диз­ви­ку­ва рак? Во пре­ра­бо­тки­те има ни­тра­ти, од­нос­но ни­три­ти за кон­зер­ви­ра­ње на ме­со­то. На­вод­но, тие ади­ти­ви се по­че­сто при­сут­ни во фе­ка­ли­и­те кај бол­ни­те од кар­ци­ном на де­бе­ло­то цре­во. Но, пра­веј­ќи ана­ли­зи во си­сте­мот на ва­ре­ње се утвр­ди­ло де­ка не се са­мо ни­три­ти­те при­сут­ни, ту­ку же­ле­зо­то, кое е при­сут­но во цр­ве­но­то ме­со, мо­же да пре­диз­ви­ка ни­тра­ти­те да се пре­тво­рат во ни­три­ти, кои вли­ја­ат ло­шо кај чо­ве­кот. Во мрс­но­то ме­со се соз­да­ва­ат мрс­ни ки­сел­ни за кои се сме­та де­ка се кан­це­ро­ге­ни.

 

doktor krstevski za sani 3 (6) (Custom)

Во мрс­но­то ме­со се соз­да­ва­ат мрс­ни ки­сел­ни за кои се сме­та де­ка се кан­це­ро­ге­ни

 

Во Ма­ке­до­ни­ја, спо­ред не­ко­ја ста­ти­сти­ка го­диш­но, има по 700 но­во­за­бо­ле­ни од рак на де­бе­ло цре­во, но про­це­ни­те на Европ­ска­та аген­ци­ја за рак ве­лат де­ка број­ка­та се дви­жи ме­ѓу 1.000 и 1.100 го­диш­но. Да­ли оваа број­ка е точ­на и да­ли е за­гри­жу­вач­ка?

КРСТЕВСКИ: Пос­лед­ни­те по­да­то­ци што јас ги со­би­рав до 2011 го­ди­на беа од Ре­пуб­лич­ки­от за­вод за здрав­стве­на за­шти­та ка­де што ста­ти­стич­ки се обра­бо­ту­ва­ат си­те по­да­то­ци од бол­нич­ки­те па­ци­ен­ти. Но, си­те уста­но­ви не ис­пра­ќа­ат из­ве­штаи за ма­лиг­ни за­бо­лу­ва­ња. Број­ка­та на но­во­ре­ги­стри­ра­ни слу­чаи се дви­жи од 200 до 250 го­диш­но. И таа број­ка е фра­пант­на, а не 1.1000 слу­чаи. Мо­же­би се тоа пред­ви­ду­ва­ња до 2020 го­ди­на би­деј­ќи во европ­ски­те зем­ји се пред­ви­ду­ва де­ка ин­ци­ден­ци­ја­та на кар­ци­ном на де­бе­ло­то цре­во во Гер­ма­ни­ја и во за­пад­ни­те зем­ји ќе се зго­ле­ми двој­но.

 

Да­ли е не­оп­ход­но да се сме­нат на­ви­ки­те во ис­хра­на­та за да се на­ма­ли бро­јот на но­во­за­бо­ле­ни?

КРСТЕВСКИ: Гра­ѓа­ни­те сѐ по­ве­ќе се еду­ци­ра­ат и го ме­ну­ва­ат сти­лот на ис­хра­на­та. Не­кои па­ци­ен­ти што има­ат ге­нет­ски пре­дис­по­зи­ции пре­ми­ну­ва­ат кон ве­ге­та­ри­јан­ска ис­хра­на или ко­ри­стат до­да­то­ци во ис­хра­на­та. Не смее да се на­ма­ли днев­но­то вне­су­ва­ње про­те­и­ни. Тре­ба да се на­ма­лат ма­сти­те би­деј­ќи во нив­ни­от кра­ен про­дукт се по­ја­ву­ва­ат ки­се­ли­ни што се кан­це­ро­ге­ни. Тре­ба да се ко­ри­стат по­ве­ќе зе­лен­чук и овош­је во ис­хра­на­та би­деј­ќи тие во ме­та­бо­лиз­мот соз­да­ва­ат ки­сел­ни што се за­штит­ни­ци на ли­га­ви­ца­та на де­бе­ло­то цре­во. Ко­рис­на е зр­не­ста­та хра­на. Поз­на­то е и до­ка­жа­но е де­ка фи­зич­ка­та актив­ност е таа што го шти­ти ор­га­низ­мот од за­бо­лу­ва­ња и за 40 про­цен­ти ја на­ма­лу­ва стап­ка­та на по­ја­ва на кар­ци­ном.

 

Ра­кот на де­бе­ло­то цре­во е трет нај­чест ма­ли­ген ту­мор во га­стро­те­сти­нал­ни­от тракт. Да­ли се ле­ку­ва и во ко­ја фа­за е фа­та­лен?

КРСТЕВСКИ: Кар­ци­но­мот на де­бе­ло­то цре­во во ра­на фа­за не мо­же да се открие, освен со про­гра­ми на ис­пи­ту­ва­ње здра­ви ли­ца. Кар­ци­но­мот на де­бе­ло цре­во ко­га ќе по­ка­же зна­ци, при­лич­но е доц­на. За жал, кај нас па­ци­ен­ти­те ду­ри и не до­а­ѓа­ат на пре­вен­тив­ни прег­ле­ди, ту­ку ко­га бо­ле­ста е во на­пред­на фа­за. За ра­но ди­ајг­но­сти­ци­ра­ње се пра­ват про­гра­ми за ске­ни­ра­ње, кои кај нас се во­ве­де­ни во 2009 го­ди­на. Се пра­ви тест на скри­е­но кр­ва­ве­ње. По пе­де­сет­та­та го­ди­на ор­га­низ­мот дра­стич­но поч­ну­ва да ста­рее и се ја­ву­ва­ат пред­вес­ни­ци на кар­ци­но­мот. Тоа се по­ли­пи на де­бе­ло­то цре­во. За да по­рас­нат и да да­дат симп­то­ми на кр­ва­ве­ње им тре­ба нај­мал­ку се­дум до де­сет го­ди­ни. Со по­ли­пе­кто­ми­ја, од­нос­но от­стра­ну­ва­ње на по­ли­пи­те, тие се ва­дат од де­бе­ло­то цре­во и ри­зи­кот за по­ја­ва на кар­ци­ном е ну­ла во на­ред­ни­те го­ди­ни. Отка­ко ќе се от­стра­нат, па­ци­ен­тот се сле­ди. Пр­ва­та кон­тро­ла е по три го­ди­ни. Кај па­ци­ент кај кој не­ма по­лип на де­бе­ло­то цре­во, а вна­тре, во цре­во­то не­ма алар­мант­ни зна­ци се пре­по­ра­чу­ва кон­тро­ла на де­сет го­ди­ни.

doktor krstevski za sani 3 (3) (Custom)

Со по­ли­пе­кто­ми­ја, од­нос­но от­стра­ну­ва­ње на по­ли­пи­те, тие се ва­дат од де­бе­ло­то цре­во и ри­зи­кот за по­ја­ва на кар­ци­ном е ну­ла во на­ред­ни­те го­ди­ни

 

Кои се зна­ци­те што тре­ба да нѐ на­те­ра­ат да по­се­ти­ме ле­кар? 

КРСТЕВСКИ: На пр­во ме­сто е сла­бо­крв­но­ста. За де­бе­ло­то цре­во е по­треб­но да се ис­пи­та же­ле­зо­то во кр­вта, би­деј­ќи ако има по­ли­пи, тие, при ми­ну­ва­ње цвр­ста­та хра­на се раз­ра­ну­ва­ат и кр­ва­ват. Но, тие не кр­ва­ват ма­ни­фест­но, кр­вта се по­ме­шу­ва со из­ме­тот и не се рас­поз­на­ва. Важ­но е ка­кво е црев­но­то праз­не­ње. Да­ли има про­ме­ни, да­ли имал не­ре­дов­на сто­ли­ца, па се­га таа ста­на­ла по­ре­дов­на, да­ли сме­нил не­што во ис­хра­на­та. Ако не сме­нил, то­гаш има не­кој симп­том што на­ве­ду­ва де­ка тре­ба да се прег­ле­да де­бе­ло­то цре­во. Ако па­ци­ен­тот имал ре­дов­ни сто­ли­ци, а по­долг вре­мен­ски пер­и­од чув­сту­ва по­ду­е­ност, исто та­ка, е еден од зна­ци­те за по­се­та на ле­кар. Во по­го­ле­ми­те гра­до­ви во Ма­ке­до­ни­ја мо­же да се на­пра­ви ко­ло­но­ско­пи­ја, ко­ја е нај­со­од­вет­на за истра­жу­ва­ње. Пред­но­ста на ко­ло­но­ско­пи­ја­та е ако се нај­дат по­ли­пи мо­же да се из­ва­дат со по­ли­пект­ми­ја. Исто та­ка, мо­же да се утвр­ди и со ренд­ге­но­ло­шка тех­ни­ка. Ако има сом­ни­тел­на ма­лиг­на про­ме­на, то­гаш се пра­ви би­оп­си­ја. Се пра­ви и вир­ту­ел­на ко­ло­но­ско­пи­ја, со по­мош на нај­но­ви комп­ју­тер­ски то­мо­гра­фи, та­ка­на­ре­че­ни спи­рал­ни комп­ју­те­ри, со кои мо­же да се на­пра­ви ви­ру­тел­на сли­ка на де­бе­ло­то цре­во. По­стои и ен­до­скоп­ска кап­су­ла. Тоа е ед­на по­го­ле­ма кап­су­ла, ко­ја во се­бе има ме­ха­ни­зам за сни­ма­ње на цре­ва­та. Ка­ко ќе па­ту­ва од уста­та на­до­лу таа мо­же да го сни­ма и де­бе­ло­то цре­во, тен­ки­те цре­ва и же­луд­ни­кот и е еден од по­со­вре­ме­ни­те ме­то­ди.

 

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска
Фо­то: Ѓор­ги Ли­чов­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top