| четврток, 6 декември 2018 |

Дачиќ: Нема услови за продолжување на преговорите со Косово

Премиерот на Србија Ивица Дачиќ, денеска соопшти дека, најверојатно, нема да има продолжување на преговорите со Приштина затоа што сѐ уште не е постигнат прифатлив договор.

– Како што моментално стојат работите, нема да има нова рунда преговори. Не сме дошле до момент кога треба да ги продолжиме разговорите. Во Брисел би се одело за продолжување на разговорите или за потпишување договор, а тоа е тешко да се каже во овој момент – изјавил Дачиќ.

Премиерот смета дека Србија заслужува датум за преговори со ЕУ и без постигнат договор со Косово, а, според него, 16 април, денот кога високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон, ќе поднесе извештај до Европската комисија не е „Денот Д“ за европската интеграција на Србија.

На 16 април нема да се урнат сите наши соништа за ЕУ и за Косово. Ќе се раздени и на 17 април, рекол Дачиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top