Борбениот авион Сухој-24 соборен од турските сили, не бил закана за Турција, ниту за нејзините граѓани, изјави денеска заменикот шеф на руските ВВС, Сергеј Дронов.
На прес конференција Дронов истакна дека Русија има докази дека соборениот авион не го повредил воздушниот простор над Турција. Црната кутија од авионот е оштетена и за анализа на податоци ќе се користи посебна опрема. Првите информации од снимениот материјал ќе бидат објавени в понеделник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


