Најновото продолжение на серијалот „Војна на ѕвездите: Силата се буди“ оствари најголем приход од претпродажба на влезници во САД воопшто. Досега филмот заработи повеќе од 100 милиони долари.
Како што пренесува агенцијата „АП“, анкетите покажале дека 63 отсто од испитаниците планираат филмот да го гледаат повеќе од еднаш во киносалите.
Компанијата „Фанданго“, која е задолжена за поголемиот дел од пазарот на влезниците во киносалите во САД јавува дека во следните денови се очекува соборување на многу други рекроди.
– Овој филм може да забележи најуспешна неделна премиера во историјата на кинематографијата. Наскоро ќе дознаеме дали „Јура свет“ ќе биде соборен од тронот, кој во првата недела на прикажување оствари продажба на карти во вредност од неверојатни 212 милиони евра – изјави генералниот директор на „Фанданго„ Дејв Холис.
Според неговите зборови, eпизода седум досега во остатокот на светот оствари приход од околу 20 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


