Белгиската влада на чело со Шарл Мишел денес ќе прифати решение, според кое отсега рокот на статус на азилант нема да биде неограничен, туку ќе биде во сила до пет години, објавија локалните медиуми.
Предвидено е по истекот на петгодишниот период, имиграциските служби да проценуваат дали да го продолжат статусот на заштита на бегалец. Оние бегалци, во чии држави на потекло условите се подобрија, ќе бидат обврзани да ја напуштат Белгија. Семејствата на бегалците ќе го задржат правото исто така да доаѓаат во Белгија. Рокот на важење на заштитата над нив ќе биде усогласен со рокот на издадениот на нивниот роднина документ. На пример ако бегалец добие право на петгодишен престој, а неговото семејство пристигне во Белгија две години подоцна, тие ќе има право да остане три години во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



