Четиринаесетгодишно момче од Велес се здоби со тешки изгореници од струен удар од жиците на електромрежата за движење на возовите.
Според информацијата од СВР Велес, вчера во 12.15 часот во полицијата било пријавено дека на Железничката станица во Велес дете родено 2001 година е повредено од струен удар откако ги допрело жиците за електронапојување од 25 илјади волти – интензитет од електромрежата за движење на возовите.
Како што информира за медиумите, Анита Стојковска портпарол на СВР Велес, првичните информации се дека детето – 14-годишниот Б.К. било повредено откако се качило врз товарен вагон паркиран на Железничката станица и сакал самиот да се фотографира, а притоа несакајќи ги допрел жиците од електрична струја за движење на возовите.
– На детето му е укажана итна лекарска помош во Медицински центар Велес и поради тешките изгореници е препратено на скопските клиники. Увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес изврши увид на самото место – информира Стојковска.
Очевидци велат дека неговите две другарчиња веднаш повикале помош, а први дошле од обезбедувањето на Фабриката „Ветекс“ која е во непосредна близина на Железичката станица. Тие го гаснеле детето со пена за гаснење пожари. Потоа дошле и пожарникарите од ППЕ од Велес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.