Каталонскиот гигант Барелона се пласираше во финалето на Светското клупско првенство што се игра во Јапонија откако во полуфиналето го победи кинескиот преставник Гвангжу со 3-0. Херојот за Барса беше Луис Суарез кој со хет-трик го одведе својот тим на мегдан со Ривер Плата. Уругваецот стана прв фудбалер што постигнал хет-трик на натпревар од светското клупско првенство.
Луис Енрике за овој дуел не можеше да смета ниту на Меси ниту на Нејмар, но присуството на Луис Суарез беше сосема доволно за да се слави над кинескиот состав, каде пак Бразилецот Робињо се најде на клупата за резерви. Гвангжу добро се бранеше се до финишот од првото полувреме, кога по ударот на Ракитиќ голманот кратко ја одби топката, на неа натрча Суарез и ја смести во мрежата.
Истиот фудбалер зголеми на 2-0 по одличното додавање на Иниеста на стартот на второто полувреме, а Суарез го комплетираше хет-трикот во 67. минута, со прецизно изведен пенал откако Мунир беше фаулиран во шеснаесетникот на Гвангжу.
Барселона во големото финале ќе се сретне со аргентинскиот гигант Ривер плата, дуел за кој тренерот Енрике се надева дека на располагање ќе ги има и Меси и Нејмар.
Luis Suarez Goal Barcelona 1 – 0 Guangzhou… by footballTV
2-0 Luis Suárez Second Goal FIFA Club World… by tony-hoksa
3-0 Luis Suárez Penalty Goal FIFA Club World… by diyan-delev
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)