Џамија во јужна Германија беше претресена и затворена, откако властите утврдиле дека подржувала насилство и организирала собирање пари за терористички организации, соопшти денеска министерот за внатрешни работи на германската покраина Баден-Виртемберг.
Исламскиот образовен и културен центар привлекол неколкумина познати салафити, приврзаници на ултра конзервативното реформистичко движење во сунитскиот ислам. Освен тоа, се знае дека најмалку десет исламисти, кои заминале за да се приклучат на џихадистички организации во Ирак и Сирија, поминале низ овој центар.
– Нема да толерираме организации, кои го подржуваат насилството како средство за постигнување на религиозни цели и собирање пари за терористички организации, рече Рајнхолд Гал, министерот за внатрешни работи на Баден-Виртемберг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.