| четврток, 6 декември 2018 |

„Кувајт ервејз“ не сака во своите авиони да превезува Израелци

Авиокомпанијата Кувејт ервејз, одлучи да ги запре летовите меѓу Њујорк и Лондон бидејќи не сака во своите авиони да се превезуваат Израелци.

A350-900_Kuwait_Airways

Министерството за транспорт на САД испрати во септември писмо со барање да се стави крај на дискриминацијата на патници со израелски пасош.

Портпарол на Министерството потврди синоќа дека Кувајт ерлајнс ги информирале американските власти за одлуката да се запрат летовите меѓу тие два града.

Аферата почна во 2013 година кога компанијата не му продаде билет на Израелец. Системот за регистрација на компанијата не дозволува да биде купен билет ако патникот се обиде да се регистрира со израелски пасош. Компанијата одговори тогаш дека ги почитува законите на Кувајт според кои се забрануваат какви било трговски врски со фирми со седиште во Израел или луѓе со израелско државјанство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top