На Палестинците од Западниот брег кои патуваат на работа во Израел, од денеска им е забрането да се возат во исти автобуси со Израелците кога ќе се враќаат од работа, соопшти претставник на израелското Министерство за одбрана.
– Врз основа на тримесечниот пилотпроект, Палестинците кои работат во Израел од денеска ќе патуваат до своите домови преку истите премини, но нема да ги користат автобусите со кои се превезуваат израелските граѓани, наведе израелскиот претставник.
Стотици Палестинци секој ден заминуваат на работа во Израел од Западниот Брег, користејќи дозвола за патување секој пат кога ги минуваат премините.
Израелските медиуми објавија дека министерот за одбрана Моше Јалон ја прифатил ваквата забрана, додавајќи дека со неа ќе се овозможи „подобра контрола на Палестинците и оние кои го напуштаат Израел, а ќе се намалат и безбедносните ризици“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.