Според договорот што германската влада го потпишала со трите највлијателни социјални мрежи Фејсбук, Твитер и пребарувачот Гугл расизмот и ксенофибијата нема да можат да бидат дел од овие платформи во земјата.
Германија очекува највлијателните интернет мрежи да ги спречат и антибегалските пораки кои што се почести откако земјата прими еден милион бегалци само во 2015 година.
Германскиот министер за правда Хајко Маас вели дека говорот на омраза, навредите, заканите за извршување на кривични дела и сите други закани против луѓето треба да бидат избришани од интернет. Со договорот треба да се надминат сите можности за поставување постови во кои може да има говор на омраза, а во операцијата ќе помогаат и германски невладини организации.
Германското обвинителствo во изминнативе месеци повело десетици истраги против директорите на Фејсбук поради тоа што тие не ги бришеле расистичките постови на оваа социјална мрежа. Фејсбук досега се бранеше aсо тврдењето дека не сака да го ограничува правото на слобода на говор.
За да успее договореното на Фејсбук, Твитер и Гугл ќе им бидат потребни стотици нови вработени кои што ќе се занимаваат со овој проблем. Поплаките за постови со говор на омраза ќе бидат разлгедувани осд специјални тимови кои што треба да одлучат дали некој пост е против новите правила договорени меѓу Германија и интернет гигантите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



