| четврток, 6 декември 2018 |

Цветко, јунакот од Петко: Децата се најубавата и најискрената публика (видео)

На 15 декември во Македонски народен театар се одржа  првиот од продадените 20 концерти на „5+ Бенд“.

petko 7 (Large)

Концертите на „5+ Бенд“ се уникатно музичко, драмско и танцово шоу во кое Петко, Лина, Цветко, Комшо, Детективот, Марија, Ана, Тетка Душка и Дедо Менде приредуваат незаборавно доживување за сите посетители.
Омилените ликови од детската играна серија „5+ Фамилија“, од денес па до 27 декември, ќе ги забавуваат посетителите со хитовите „Фамилија“, „Чудна шума“, „Маскенбал“, „Здрава храна за детство без мана“ и многу други.
petko 9 (Large)
Репертоарот на „5+ Бенд“ е составен од внимателно одбрани македонски рокенрол и поп евергрини, регионални хитови и по некоја интернационална песна, односно квалитетна музика која оставила белег на повеќе генерации.

Инаку, концертите се плод на соработката на продукцијата „ОХО“ и Македонскиот народен театар, а шоуто е во режија на Игор Иванов-Изи и по сценарио на Елеонора Иванова.

petko 8 (Large)

Ова е прво шоу во живо на „5+ бенд“, група чии песни на „Јутјуб“ имаат огромен број прегледи и претставува прва можност на сцена да се видат Петко, Лина, Цветко, Комшо, Марија, Ана, дедо Менде и тетка Душка.

На Телма во тек е втората сезона од играната серија чиј главен лик е Петко, најпопуларниот детски ТВ-карактер, кој речиси 10 години ги забавува децата и ги учи на вистинските вредности.

petko 2 (Large)

Насмеани лица, транспаренти на кои пишува Петко, танцување и хорско пеење на песните од популарната серија, хипнотизирачко позитивна атмосфера го одбележаа  првиот од серијата концерти  на „5+ Бенд“.Спектакуларното шоу е  проследено со специјални технички ефекти и интерактивна комуникација на актерите со публиката. Концертот на „5+ Бенд“  допре до емоциите на публиката, по примерот на големите светски мјузикли.

Разговаравме со актерите кои ги толкуваат ликовите на  Лина, Цветко, Комшо, Марија, Ана, дедо Менде и тетка Душка.

Дали очекувавте дека ќе има олку голем интерес за концертите?

Зоран Љутков: Ние почувствуваме потреба да се појавиме во живо пред децата и заедно со продукцијата сметавме дека должиме еден концерт. Но со самата идеја да се направи еден концерт на 15 декември и по објавата дека ќе организираме концерт се случи да има многу голема побарувачка. Засега некаде до 23 декември имаме распродадени концерти. Секој ден имаме по два од 10 и 12 часот,а во некои денови имаме и трет концерт од 18 часот. Со сигурност ќе одиграме повеќе од 20 концерти.

Каква публика се децата?

Игор Ангелов:Ова е приказна која трае десетина години и со која генерации деца пораснаа, а ние го знаеме рецептот и уживаме заедно со публиката. Децата како публика се најубавата публика која можеме да ја посакаме. Тие се најискрената и најнепредвидливата публика, а кога имаме искрена и отворена публика тогаш многу е лесно да се префрли енергијата и тоа што имаме да го кажеме го кажуваме.

Во текот и на емисијата и за време на концертот вие на децата преку анимирани видео џинглови ги учите децата на вистинските вредности. Кажете ни нешто повеќе околу овој дел од концертот и емисијата?

Сања Арсовска: Секако дека ова ние што го прави со години,а и сега на концертот е еден идеален начин да се пренесат вакви пораки . Пред се овој проект има едукативна цел и сето она за кое што ние сме учела нашата задача е да им го пренесе на децата. Како што не воспитувале нас така и ние да бидеме дел од нивното воспитување и да ги научиме на правилни вредности, да ги научиме да ја чуваат заштитната средина, да имаат здрава исхрана и се она што е потребно да го имаат како вредност во животот.

petko 4 (Large)

Какви се вашите подготовки за емисиите ?

Игор Ангелов:Пред да почнеме било што, дали со снимање или пак сега со преставите, како и настапите кои претходно ги имавме во живо пред камера  често  ние самите се едуциравме. Прво ние работиме долго време на сценаријата се консултираме со многу луѓе од страна што еона вистинско и правилно. Често ни се случувало да се корегираме самите себе си  така да може да се случи едно сценарио да преживее и десет промени додека не го донесеме баш онака како што треба. Кога ќе поверуваме сите ние дека тоа е вистинскиот начин го пренесуваме и имаме одличен фидбек од децата.

Петко е омилениот лик на децата во Македонија, а една од најголемите тајни е кој се крие зад неговиот лик?

Сања Арсовска: Нема потреба да се демистифицира и открива дека Петко е  всушност човек облечен во маскота. Еве ние никогаш не дознавме кој е Мики Маус или Дедо Мрази сосема ни беше удобно тоа незнаење. Децата ни самите не сакаат да знаат кој е Петко тие уживаат во она што тој го прави и тоа е сосема доволно.

petko 5 (Large)

Македонска детска серија „5+ Фамилија“  по албанска доби и своја словенечка верзија, која ќе се емитува на тамошната национална телевизија, и со тоа стана првата медиумска франшиза од Македонија која се извезува во држава од Европската Унија.Ги запознавте ли актерките од Словенија кои заедно со Петко ќе ги учат и децата од Словенија на вистинските вредности?

Зоран Љутков:Ги запознавме актерите  од Словенија , а ги знаеме  и со колегите од албанската верзија на „5+Фамилја“ и сите се супер. Сметаме дека ова е одлична можност за сите нив и нас, а најмногу за децата.

petko 3 (Large)

Што ќе им посака Петко  и актерите од „5+ Фамилија“ на децата за Новата 2016 ?

-Да бидат среќни, безгрижни, да се хранат здраво, да ја чуваат животната средина. Ние со сите овие концерти  и серијата која што ја работиме им пренесуваме порака која што би требало да ја пренесат и во 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top