| четврток, 6 декември 2018 |

Распоред: Што и кога да правите кога подготвувате свадба

Некои сакаат интимна и мала свадба, други, пак, планираат набрзина, но ако сакате голема свадба со повеќе гости, потребно е многу време. Во просек, сте подготовки се прават година пред денот.

Иако изгледа како долг период, има многу работи кои треба навреме да се завршат.

9 – 12 месеци пред свадбата
– одредете буџет и поделете ги трошоците
– oдберете датум и резервирајте го местото каде што ќе биде свадбата
– направете ја првичната листа на гости, да го знаете грубиот број
– резервирајте фотограф и бенд
– припремете фасцикла за сметките и потврдите со резервации

6 – 9 месеци пред свадбата

– најдете венчаница
– aко планирате меден месец, одберете локација и гледајте понуди (колку порано уплатите, толку поевино)

4 – 6 месеци пред свадбата

– финализирајте ја листата на гости
– резервирајте го хотелското сместување или групен превоз, доколку е потребно за некои гости
– одберете ги поканите
– договорете се со вашите свештеник и матичар

2 – 4 месеци пред свадбата

– пратете ги поканите
– купете бурми
– нарачајте торта
– направете пробна фризура и шминка

6 – 8 недели пред свадбата

– завршете ги сите детали околу свадбената сала: мени, пиење, воведната песна, украсување…
– порачајте бидермаер

2 – 6 недели пред свадбата

– финализирајте го распоредот за седење
– слушнете се со секој роднина или пријател кој има задолженија околу свадбата
– финална проба на венчаницата
– потврдете ги сите резервации

1 недела пред свадбата

– очекувајте многу повици во последен момент, но останете мирни

1 ден пред свадбата

– легнете си во нормално време

Свадбениот ден

– уживајте во вашиот ден

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top