| четврток, 6 декември 2018 |

Министерство за здравство: Канабисот за лекување ќе биде легален

Канабисот за медицински цели ќе биде легален и во Македонија, објави порталот „Здравство24“.

Како што пишува порталот Министерството за здравство ја почнало постапката за легализација. Бил изготвен предлог-закон кој деновиве ќе се најде на владина седница. Канабисот ќе може да се одгледува во Македонија и тоа само од правни субјекти кои ги исполнуваат строгите критериуми што ги предлагаат здравствените власти. Мора да има агроном и фармацевт што ќе го надгледува процесот на одгледување, 24 часовен надзор како и посебни услови за местото каде ќе расте канабисот. Тој не смее да се извезува, но за странскиот пазар ќе може да се нуди маслото односно екстрактот од канабис. Крајниот призвод ќе биде строго контролиран и точно ќе се знае кој може да го пропише а кој да го прима маслото. Предвиден е за болни од рак, ХИВ и други дијагнози кои ќе ги пропишува специјалист од болница и со рецепт ќе го подигнува од аптека.

Проценките на здравствените власти е дека целата постапка треба да заврши до март. За недела најавија јавна дебата на која очекуваат да ги слушнат и мислењата на јавноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top