Германската армија мината ноќ, за првпат учествуваше во ударите против терористичката организација Исламска држава во Сирија. Германија не се ангажираше директно со воени дејствија, туку само со помош за коалицијата која бомбардира, со тоа што ги полни нивните авиони во воздух.
Германски танкер од типот „Ербус“ А310, минатат ноќ пет часа учествувал во мисијата, за да ги полни бомбардерите на коалицијата против Исламска држава.
Во ударите против терористите учествуваат над 10 нации, делумно без координација меѓу себе, што ги прави мисиите во воздухот особено опасни.
Германскиот Бундестаг одлучи да ја поддржи антиисламистката коалиција по нападите во Париз. Во јануари Берлин ќе испрати и 6 разузнавачки авиони „Торнадо“ на мисии против Исламска држава. Воена фрегата ќе го чува францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“. Вкупно 1.200 германски војници ќе бидат распоредени во регионот.
Ова е трета воена офанзива на Германија од крајот на Втората светска војна наваму. Бундестагот има учество во мисии во Косово и Авганистан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.