| четврток, 6 декември 2018 |

Косово ја суспендира уредбата за српските лични карти

Уредбата на властите во Приштина за забрана за влегување во Косово на лица кои имаат дозвола за престој на Косово и српски лични карти е суспендирана, изјави денеска косовскиот заменик-министер за внатрешни работи Милан Радојевиќ.

belgrad pristina

Тој за Танјуг истакна дека одлуката за српските лични карти е суспендирана и оти за тоа изутрината се информирани и припадниците на полицијата на сите премини меѓу Косово и централна Србија.

Уредбата на властите во Приштина за забрана за влегување во Косово на сите лица со српски лични карти, кои живеат на тој простор, селективно е применувана вчера на премините меѓу централна Србија и Косово, јави Танјуг.

Уредбата не е спроведува на премините Јариње и Брњак во северно Косово, но некои граѓани со српски лични карти, кои живеат на Косово се враќани од преминот Мердаре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top