| четврток, 6 декември 2018 |

Александар Чичаковски предложен за претседател на ДИК

Александар Чичаковски е предложен за претседател на Државната изборна комисија (ДИК), а Реџеп Пекопуца за негов заменик на денешната седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

drzavna-izborna

Оваа Комисија денеска едногласно ја утврди листата на кандидати за членови на ДИК која подоцна во текот на денот Собранието треба да ја усвои.

На вчерашната лидерска средба беа договорени тројцата експерти на ДИК Чичаковски, Прекопуца и Атанас Урумов.

Претходно, по завршувањето на јавниот оглас политичките партии со допис го известија претседателот на Собранието за нивните предлози.

ВМРО-­ДПМНЕ ги предложи Силвана Бонева и Сашо Срцев, СДСМ Виолета Дума и Игор Милев, ДУИ Субхи Јакупи, а ДПА Бедредин Ибраими.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top