-Црна Гора би требало да свика референдум по прашањето за приклучување кон НАТО- изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Таа нагласи дека помалку од половина од населеноето на Црна Гора го поддржуваат влезот на земјата во Алијансата.
-Сметаме дека црногорскиот народ своето мислење за ова прашање треба да го изнесе на референдум- рече Захарова.
Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ изјави вчера дека одлуката за влез на Црна Гора во НАТО ќе биде донесена во Парламентот, а не на референдум. Тој додаде дека црногорскиот Устав не предвидува свикување референдум за ова прашање и оти Парламентот е тој кој има мандат да донесе одлука. На почетокот на декември членките на НАТО официјално ја поканија Црна Гора да се приклучи кон Алијансата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.