Израелски војници застрелаа денеска двајца Палестинци во бегалски камп на источниот брег на реката Јордан.
Израелските власти соопштија дека двајцата Палестинци се обиделе да удрат со автомобил во војници во кампот Каландија, јужно од Рамала и врз нив бил отворен оган. Подоцна во кампот упаднале многу војници за да извршат апсења, но наишле на отпор. Повредени се тројца израелски војуници, јави ДПА.
Повеќе од 110 Палестинци и 20 Израелци беа убиени од октомври досега кога на Западниот брег и Источен Ерусалим почна нов бран насилства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.