Сирискиот режим е подготвен да достави оружје за палестинските организации за да се справат со борци на Исламска држава од бегалскиот камп Јармук, каде хуманитарната ситуација не престанува да се влошува.
Сирискиот заменик министер за надворешни работи Фејсал Мокдад се сретна синоќа со палестинска делегација предводена од Ахмед Маџалани, шеф на Организацијата за ослободување на Палестина за да разгледаат мерки за заштита на луѓето кои живеат во кампот.
– Треба да се постигне консензус меѓу 14-те палестински организации во Сирија и сириската Влада за да се воведат мерки за безбедност во кампот, изјави Маџалани. Тој додаде дека денеска ќе има средба за тоа прашање.
– Ако исклучиме директна воена интервенција на армијата, сириските власти се подготвени да ги поддржат со секакви средства, меѓу кои и воени, палестинските борци, изјави по средбата Ануар Абдел Хади, претставник на ООП во Дамаск.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Приходите на ИД од продажбата на нафта за две години се намалија за 90 отсто
-
ИД ја презеде одговорноста за нападот во лондонското метро