| четврток, 6 декември 2018 |

Модните дизајнерки Ирина Тошева и Олгица Ѓоргиева ќе прават новогодишни честитки со лицата со Даунов синдром

Лицата со Даунов синдром како и сите оние кои сакаат подеднакво и рамноправно општество, ќе ги здружат креативните идеи со македонските дизајнери на 19 декември (сабота) , на предновогодишна работилница во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“.

2d622527-be66-4cc9-bd46-e3a2079db6a3

Под менторство на модните дизајнери Ирина Тошева и Олгица Ѓоргиева, и графичкиот дизајнер Емилија Мишова Старова („Ем Елефантски“) учесниците ќе прават уникатни новогодишни честитки кои потоа ќе бидат изложени за јавноста и публикувани на социјалните мрежи.

Настанот е во организација на „Јавна соба“ и Моден викенд Скопје, со помош на активистките Марија Матовска и Росица Колева кои долги години се занимаваат со поддршка на лицата со Даунов синдром. На работилницата учество ќе земат и студентите од Факултетот за арт и дизајн при Европскиот Универзитет од насоките за моден и графички дизајн : Есма Ќазим, Емануела Јосифовска, Зорица Стојанова и Анастасија Чадо.

– Покрај тоа што сакамe да им ги разубавиме празниците, пред сe сакаме уште еднаш да покажеме дека лицата со Даунов синдром се многу креативни, активни и истрајни во работата како и многу други деца, и доколку им се пренесат вистинските вештини од страна на професионалци можат да допринесат многу за сопстениот развој и развој на целото општество – вели тимот кој ја организира работилницата.

Во Македонија постепено се зголемува бројот на организации и индивидуалци кои посветуваат големо внимание на развој и општествена инклузивност на лицата со Даунов синдром.

Постерот за работилницата го изработи Зорица Стојанова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top